16 ноември 2018
Ученичката Софија Алачкоска од осмо одделение од ОУ „Кочо Рацин“ и творбата под шифра: „Леонардо“ испратена од ОУ „Св Климент Охридски“ се прогласени за најдобра поетска и прозна творба на конкурсот „Преку книгата откривам нови светови“ што НУ Библиотека „Григор Прличев“ го распиша по повод Месецот на книгата. На конкурсот учествуваа ученици од петто до деветто одделение од речиси сите основни училишта во општина Охрид.
Наградите на најдобрите ќе им бидат врачени во библиотеката на средба со нив и нивните ментори, а датумот ќе биде одреден дополнително.