26 декември 2019 г.
Во пресрет на претстојните новогодишни и Божиќни празници НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во соработка со Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид се одржа работилница за изработка на новогодишни украси.
На работилницата која ја водеше административнот соработник на Почениот конзулат на РФ во Охрид д-р Елена Обухова учествуваа ученици од трето одделение од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид заедно со нивната наставничка Ирена Каневче – Наумоска.
Во пријатниот и креативен амбиент на библиотеката учениците потпомоганти и од нашите колешки изработија новогодишни украси со кои ќе можат да ги збогатат новогодишните елки и да ги израдуваат нивните блиски.