×

Преведи ја страницата

На „Прличеви беседи“ промовирана монографијата „Поетска ноќ во Велестово.

7 февруари 2019

Чествувањата посветени на великанот Григор Прличев во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“  започнаа во вторникот со промоција на монографијата за „Поетска ноќ во Велестово“ од авторот Славе Ѓорѓо Димоски. Промотор на монографијата беше проф. д-р Димитар Пандев.

На „Прличеви беседи“ промовирана монографијата „Поетска ноќ во Велестово.

„Понекогаш ми доаѓаат сите манифестации одеднаш“. Овој мој исказ е само творечка варијанта на отпадни теории за јазикот и литературата, кој одново станаа податливи токму пред три децении и тие три децении науката за јазикот и литературата ги живее и ден денес. А токму во тие три децении се остварува и поетската манифестација што сега ја одбележуваме како тридецениска поетска ноќ во Велестово,рече професорот Пандев и додаде дека „врвни поети дојдоа во Велестово, а публика од сите можни генерации, од сите можни слоеви без никакви разлики дојдоа на Велестово. Дојдоа велестовци како што во Велестово прво се собра сета Македонија, добар дел од туристите и како што веднаш се собраа и ќе спомнам, семинаристите на меѓународниот семинар за македонски јазик, “рече Пандев.

На „Прличеви беседи“ промовирана монографијата „Поетска ноќ во Велестово.

Монографијата е во издание на Поетска ноќ од Велестово и ПНВ Публикации – Скопје, а автор е  Славе Ѓорѓо Димоски. Покрај текстуалниот дел богато е илустрирана со фотографии кои хронолошки го претставуваат нејзиниот развој во изминатите три децении.

  Манифестацијата претставува антологиски пресек на македонската поезија и сликарство. Во изминатите 30 години на Поетската ноќ во Велестово  беа претставени најзначајните македонски поети и сликари, меѓу кои: Јован Котески, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски, Михаил Ренџов, Богомил Ѓузел, Раде Силјан, Веле Смилевски, Ристо Василевски… до најмладите, а меѓу  сликарите учесници беа: Вангел Наумовски, Родољуб Анастасов, Глигор Чемерски,Газнафер Бајрам, Владимир Георгиевски, Боро Митриќески, Коле Манев, Сергеј Андреевски, Славко Упевче, Јордан Манасиевски, Стефан Хаџи-Николов, Емил Шулајкоски…

Во монографијата е опфатен антологиски избор со по една песна од досегашните пртеставени автори, а изборот и пригодниот текст го направи Санде Стојчевски.

 Бидејќи манифестацијата има и меѓународен карактер, претставен е избор на досегашните поети-странци кои биле учесници, а доаѓале од: Ирска,  Норвешка, Русија, Италија, Албанија, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Естонија, Словачка…

 Во своето постоење манифестацијата две свои јубилејни изданија (на 25-тиот и на 30-годишниот јубилеј) посвети на поновата македонска поезија  и по тој повод објави книга, а во монографијата се претставени сите со избор од нивната поезија.

Организатор на настанот  беше општина Охрид.