09 октомври 2017
На натпреварот учествуваа 18 ученици од 6 основни училишта од Охрид и околината од кои најдобар успех покажа Елена Лангоска, ученик од VIII одделение од ОУ „Ванчо Николески“ од с.Лескоец под менторство на библиотекарот Ана Пупиноска Стојкоска.
Победничката од натпреварот ќе учествува на Републичкиот натпревар кој ќе се одржи на 3 ноември, годинава и ќе го претставува Охрид.