18 август 2016
Во сабота (20-ти август), ќе биде промовирана книгата “Македонија – не те забораваме” од авторот Иван Трпоски. Промоцијата ќе започне во 20 часот во просториите на библиотеката “Григор Прличев” – Охрид.
Иван Трпоски е роднокраен автор кој живее и твори во Сиднеј – Австралија. Од 1979 година член е на Литературното друштво “Григор Прличев” од Сиднеј, како и член во издавачкиот одбор на списанието “Повод” и долгогодишен библиотекар и архивар во библиотеката “Григор Прличев” – прва од таков вид надвор од Македонија.
Дописник е на списанието “Македонија” од Матицата на иселениците и многу други весници и списанија во Македонија и Австралија. Со своја поезија и реферати учествувал на многу собири, со кои го поткревал духот на македонецот да опстои на далечните австралиски простори.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1988 год. , и член е на Друштвото на Новинари на Македонија од 1995 год.
Автор е на повеќе книги, иницијатор е за организирање на многу манифестации и активности на нашинците во Австралија.
За својата работа и општествена дејност има добиено повеќе награди и признанија.