04 април 2017
По повод 21 март – Светскиот ден на поезијата, НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид и Почесниот конзулат на Руската федерација – Охрид, организираа книжевно пладне на кое беше претставен избор од творештвото на руските поетеси Ана Ахматова (1889-1966) и Марина Цветаева (1892-1941).
За нивниот живот и поезијата зборуваа Елена Обухова, а стиховите ги интерпретираа Маја Мојсова и Тоде Илиевски.