×

Преведи ја страницата

Ќе биде промовирана книгата „Македонците во светот“ од Славе Катин

16 август, 2019 г. 

Во понеделник на 19 август од 12 часот во Прличевата одаја на НУ „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата книгата „Macedonians in the World“ (Македонците во светот) од Славе Катин, македонски новинар и публицистот.

slave katin kniga

Славе Катин и’ е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни  публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во дијаспората. Покрај 55-те публикации, во период од педесет и пет години Катин е автор и на повеќе од 100 научни трудови од различни области и на над 3.000 новинарски и други текстови објавени. Тие, главно, се однесуваат на Македонија, иселеништвото, религијата, културата, македонскиот јазик и литература и други области.

Дело „Macedonians in the World“ (Македонците во светот) од Славе Катин е плод на неговите патувања по светот. Имено, како член на државни и црковни делегации тој бил на посети и разговори кај поглаварите на Романската, Украинската, Руската и  Српската православна црква, потоа во Цариградската патријаршија во Истанбул  и 5 пати бил во делегации во Ватикан во Рим. Исто така, бил и во делегацијата на Владата на Република Македонија за погребот на Мајка Тереза во Калкута, Индија, а многу пати патувал со делегации на Македонската православна црква-Охридска архиепископија за Канада, Соединетите Американски Држави, Австралија, во Европската Унија, Турција, Израел, Русија, Украина, Бразил и други земји.

Публикацијата „Macedonians in the World“ (Македонците во светот) од Славе Катин, е дело на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје и на Фондацијата „Џорџ Атанасоски’ од Прилеп. Рецензенти на ова дело кое е на англиски јазик, на 432 страници се покојниот академик Антонио Шкокљев-Дончо и бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.

Воведен збор ќе одржи директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Гордана Змејковска а  промотори на книгата ќе бидат: м-р Милчо Јованоски и Свето Стефановски.