4 декември 2018
Во рамките на општинската прослава за одбележувањето на Св. Климент Охридски – Патронот и заштитникот на Охрид НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид утре – среда во 17 часот на свечен начин ќе ја отвори изложбата под наслов: „Св. Климент Охридски во македонската книжевна и научната мисла во Македонија“.
Ќе бидат изложени педесеттина ретки наслови – изданија кои одблиску зборуваат за и околу животот и делото на Св. Климент и неговата мисија и создавањето на првиот универзитет на Балканот.
Преку изложбата ќе се види континуитетот од работата на Светите Кирил и Методиј , преку нивните ученици Светите Климент и Наум па се’ до денес.
Во рамките на настанот ќе бидат доделени и наградите од литературниот конкурс по повод Месецот на книгата во организација на библиотеката.