×

Преведи ја страницата

Имавме богата програмска година

27 јануари, 2020 г.

За НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид изминатата 2019 година е една од најплодните и најуспешните во поглед на програмските активности, промоциите, соработките и отвореноста кон читателите и посетителите со близу 80 настани.

100 год. Димче маленко

Патрониот ден на библиотеката  беше одбележан со манифестацијата „Прличеви беседи“ во чии рамки беше одржан портрет на писателот и поет  Видое Видически.  Во таа пригода Видически беше прогласен за почесен член на Библиотеката,  беше  прикажан  видео – проект „Од животот на Прличев“ од авторот м-р Милчо Јованоски, вработен во библиотеката.

prlicevi besedi 2019 pocesen clen vidoe

Во чест на Прличев во библитоеката  претходно се одржа промоција на монографијата за „Поетска ноќ во Велестово“ од Славе Ѓорѓо Димоски. Промотор беше проф. д-р Димитар Пандев, а организатор на настанот општина Охрид.

prilcevi

Минатата година библиотеката ја продоложи соработката со почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Заедно се одбележаа:182 годишнината од смртта и 220 годишнината од раѓањето на големиот руски писател и поет Александар С. Пушкин, 150-години од откривањето на Периодниот систем на хемиските елементи од страна на рускиот научник Дмитриј Менделеев, д-р Ана Комарова  одржа предавање за Свети Јован Шангајски и Сан Франциски, чудотворец и голем подвижник од 20 век, како и креативни работилници  за деца, посветена на 8 Март и Нова година.

obuhova

Библиотеката заедно со Општина Охрид одбележаа „185 години од раѓањето и 110 години од смртта на Кузман Шапкарев“. Факти за животот и делото на Шапкарев  изнесе  Татјана Дурнева, професор по македонски јазик и книжевност а на тема: „Журналистичката и публицистичка дејност на Кузман Шапкарев“ беседеше д-р Томе Груевски.

18_03_2019_SAPKAREV_5

На свечен начин беа одбележани јубилеите:   60 години  живот  и 40 години од излегувањето на првата книга  “Гравири “ од Славе Ѓорѓо Димоски и беше прогласен за почесен член на библиотеката и 100 години од раѓањето на писателот Димче Маленко.

славе 1

Постхумно Маленко беше прогласен за почесен член на библиотеката. Достојно го одбележавме и Денот на патронот на Охрид- Св. Климент Охридски, со пригодна реч на проф. Татјана Дурнева,  фото презентација: „Св. Климент Охридски  и Охрид“ и изложба на книги посветени на словенската писменост:  „Од Светите браќа Кирил и Методиј до Св. Климент и Св. Наум Охридски“.

sv. kliment

Беше промовирана  трилогијата за Охрид ( книги со фотографии од градот од минатото до денес ) со осврт на последната: „Охрид, враќање во минатото“ од почесниот член на библиотеката, Академик Миле Миќуновиќ,а писателот Коста Фортомар од Охрид  беше прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“

mile-bib

Во годината зад нас во библиотеката беа организирани осум промоции на книги од авторите: Ана Цветаноска, Златомир Јовановиќ од Србија, Смиле Наумоски – Брсјак, Ило Кафеџиоски – Кафе, Славе Николоски – Катин, Миле Миќуновиќ, Вера М. Самарјанин и Гоце Џулески.

ANA

Беше продолжена и традицијата секој месец да се поставува изложба на книги од роднокрајни автори по повод нивните родендени, водејќи сметка и за надополнување на листата.

smile 2

Во пресерет на 8 Март во библиотеката жени – поети членки на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и членки на програмата „Грижа за стари лица“ при Црвен крст – Охрид читаа свои творби и творби посветени за жената и убавината кои ним им се посебно драги.

prlicevi 2019

Лани, Светскиот ден на поезијата беше по втор пат одбележан во култната кафетерија „Аквариус“ со настанот „Напиши стих – купи кафе“.

вера самарјанин

На пригоден начин беа одбележани и 1 Април – денот на шегата и 2 Април Светскиот ден на литературата за деца,  студентите од Факултетот за странски јазици при ФОН и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид заедно ја спроведоа акцијата „Подари – размени книга“.

gordana

Со нив низ основните училишта од минатиот декември ја отпочнавме соработката под наслов:  „Да го поттикнеме говорно – јазичниот развој кај децата, свесноста за изразните можности“ Денот на авторското право 23 април беше одбележан и со презентацијата за најчитаните автори и дела во 2018. Ги објавивме резултатите од анкетата: Што читаат најмногу  охриѓани?  Беа наградени и тројца најредовни читатели, како и учесниците во манифестацијата НАПИШИ СТИХ – КУПИ КАФЕ.

со руски конзулат

На 10 основни училишта од Охрид и Дебрца им беа донирани по околу 50 книги  од акцијата ПОДАРИ – РАЗМЕНИ КНИГА. Присутните можеа да  ја видат изложбата на дел од над 30 изданија чиј издавач во 2017 и 2018 беше НУ библиотека во Охрид.

ХОЛАНД НАСЛОВНА

Во посета и средба со директорката Гордана Змејковска ни беа библиотекари од Леуварден, Холандија од Универзитетска библиотека на Стенден Универзитетот.Бевме домаќини на учесниците на  17.Регионална конференција на македонскиот ПЕН Центар. Поезија читаа над 20 поети од Балканот. Гости ни беа учесниците на  Првиот  Балкански детско – младински  Поетски камп: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески – 2019” и од Летен камп наменет за деца со македонско потекло ( од дијаспората).

писатели пен центри

Во рамките на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“  Библиотеката беше домаќин  на настанот „Поезија напладне“ посветен на творештвото на Поли Муканова од Бугарија. Модератор беше поетот  Зоран Јакимоски, а  гостуваше и познатиот бугарски писател Владимир Левчев, кој исто така се претстави со неколку свои песни.

hrvati 3

Гостуваше и манифестацијата „Струшки книжевни средби“ во библиотеката се одржа промоција на книгата „Небесна тишина“, поезија од Новица Соврљиќ, а посебно ни гостуваа и поети од Хрватска.

со раководството на сем. за мак. јазик

Бевме во посета на  Семинарот за македонски јазик, литература и култура  и на  младите изучувачи на македонскиот јазик им подаривме книги од македонски автори. Пред крајот на годината од 4 до 17 ноември организиравме Саем на книгата.

saem 1

На продажба  беа дела од капиталните едиции: „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ како и изданија од едицијата „130 тома македонска книжевност“. Книги кои и сега можат да се набават во библиотеката. Го организиравме и општинскиот натпревар „Млади библиотекари“.

mladi naslovna

Во 2020 година, НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид покрај редовните програмски активности ќе ги одбележи и следниве годишнини: 190 години од раѓањето на Григор Прличев и 160 години од издавањето на поемата „Сердарот“, 40 години од смртта на писателот Ванчо Николески, 85 години од раѓањето на Живко Чинго и 165 годишнината од раѓањето на публицистот Темко Попов.