×

Преведи ја страницата

Дурнева: Според житието, Св Климент најмногу сакал да престојува во Охрид и ја љубел убавината на својот манастир

8 декември,  2019 г. 

Во рамките на свеченостите на општина Охрид во пресрет на големиот ден – празникот Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид , НУ Библиотека „Григор Прличев“  организираше пригодна свеченост на која за непроценливото и многуслојно значење на Св. Климент Охридски говореше Татјана Дурнева, професор по македонски јазик и литература од Охрид. 

tatjana

Публицитет.мк во чест на празникот, а водејќи се од една поговорка која вели: Повторувањето е мајка на знаењето Ви го предава во целост обраќањето на проф. Дурнуева – како потсетник на животот и творештвото Климентово на нашето тло.

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

 

СО ЗБОРОВИ СИ ГИ УПАТИЛ НАРОДИТЕ ВО ВЕРАТА БОЖЈА;

СО ДЕЛАТА СИ ГИ ИЗДИГНАЛ ПРЕБЛАЖЕН,

КОН БОЖЕСТВЕН И БЛАЖЕН ЖИВОТ.

СО ЧУДЕСА СИ ГИ ПРОСВЕТИЛ ОНИЕ

ШТО ПРИСТАПУВААТ ВЕРНО КОН ТЕБЕ,

СО ЗНАМЕНИЈА СИ ЈА ОСВЕТЛИЛ ТЕМНИНАТА.

ПОРАДИ ТОА ГО СЛАВИМЕ ТВОЈОТ БОЖЕСТВЕН СПОМЕН,КЛИМЕНТЕ.

                                                                                 ( ТРОПАР , ГЛАС ЧЕТВРТИ )

ПРЕСВРТНИЦА ВО КУЛТУРНИОТ И ИСТОРИСКИОТ РАЗВИТОК НА СИТЕ СЛОВЕНСКИ НАРОДИ ПРЕТСТАВУВА АНГАЖИРАЊЕТО НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО ИЗНАОЃАЊЕТО НА СЛОВЕНСКАТА АЗБУКА,ВО СОЗДАВАЊЕТО НА ПРВИОТ СЛОВЕНСКИ КНИЖЕВЕН ЈАЗИК И ВО ПРЕВЕДУВАЊЕТО НА ПОТРЕБНИТЕ БОГОСЛУЖБЕНИ КНИГИ НА СЛОВЕНСКИ ЈАЗИК И НЕГОВОТО ВОВЕДУВАЊЕ ВО БОГОСЛУЖБАТА.КОН СЕВО ОВА СЕ ДОДАВА И ФОРМИРАЊЕТО НА ГРУПА ОДУШЕВЕНИ УЧЕНИЦИ И СЛЕДБЕНИЦИ НА СЛОВЕНСКАТА ПРОСВЕТА И БОГОСЛУЖБА И СОГЛЕДУВАЊЕ КАДЕ Е ОСНОВАТА НА САМОСТОЈНАТА СЛОВЕНСКА ПРОСВЕТА,КНИЖЕВНОСТ И БОГОСЛУЖБА , ОСНОВАТА НА СЛОВЕНСКАТА КУЛТУРА .

ЕДЕН ОД НАЈИСТАКНАТИТЕ УЧЕНИЦИ НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ Е СЕКАКО КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ КОЈ ДОСЛЕДЕН НА СВОИТЕ УЧИТЕЛИ , ГО ПРОДОЛЖИЛ СО УСПЕХ НИВНОТО ДЕЛО.ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ И КУЛТУРА ВО МАКЕДОНИЈА , ОСНОВАЧ НА ПРВИОТ СЛОВЕНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ОХРИД,ПРВ ОРИГИНАЛЕН СЛОВЕНСКИ ПИСАТЕЛ ЗА КОГО ПОСТОЈАТ НЕПОБИТНИ ДОКАЗИ.ПРВ СЛОВЕНСКИ ЕПИСКОП,ПРОСВЕТИТЕЛ, -ПАТРОН НА ОХРИД  И ЗАШТИТНИК,ЧИЕ ИМЕ И ДЕЛО ГИ ОДБЕЛЕЖУВАМЕ НА 8 ДЕКЕМВРИ.

Image result for св климент

ТОЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА МЕСТОТО И ГОДИНАТА  НА РАЃАЊЕ НА КЛИМЕНТ НЕМА.НЕМА ПОДАТОЦИ ЗА СЕМЕЈСТВОТО И ПОТЕКЛОТО , ОСВЕН ДЕКА БИЛ ЗАКОПАН НА 27 ЈУЛИ 916 ГОДИНА ВО МАНАСТИРОТ НА ПЛАОШНИК ВО ОХРИД  ,ШТО САМ ГО ИЗГРАДИЛ И ГО ПОСВЕТИЛ НА СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН.ПОДОЦНА МОШТИТЕ МУ БИЛЕ ПРЕНЕСЕНИ ВО ЦРКВАТА СВЕТА БОГОРОДИЦА ПЕРИВЛЕПТА КОЈА ОТТОГАШ Е НАРЕКУВАНА СО НЕГОВОТО ИМЕ.МОШТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ВРАТЕНИ ВО АВГУСТ 2002 ГОДИНА ПО ОБНОВАТА И ОСВЕТУВАЊЕТО НА НЕГОВИОТ МАНАСТИР.ПО ПРЕТПОСТАВКИТЕ ДЕКА ПОЧИНАЛ НА 70-80 ГОДИНИ,ДОАЃАМЕ ДО ПРЕТПОСТАВКИТЕ ДЕКА Е РОДЕН ОКОЛУ 30-ТАТА ИЛИ 40-ТАТА ГОДИНА НА 9 ВЕК.

ПОВЕЌЕ ПОДАТОЦИ ЗА КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ СЛЕДИМЕ ОД МОРАВСКАТА МИСИЈА НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ, ЗА ВРЕМЕ НА ОВАА МИСИЈА , А И ПОТОА.КЛИМЕНТ ИМ ПОМАГАЛ НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО НИВНАТА РАБОТА МЕЃУ СЛОВЕНИТЕ ВО МОРАВИЈА И ПАНОНИЈА И ВО БОРБАТА ЗА ОДБРАНА НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ ОД НАПАДИТЕ НА ЛАТИНО-ГЕРМАНСКИТЕ СВЕШТЕНИЦИ.

ЗАЕДНО СО УШТЕ ДВАЈЦА УЧЕНИЦИ БИЛ РАКОПОЛОЖЕН ЗА СВЕШТЕНИК ВО РИМ.СЕ ПРЕТПОСТАВУВА ДЕКА МОНАШКОТО ИМЕ КЛИМЕНТ ГО ДОБИЛ ВО ЧЕСТ НА ОТКРИВАЊЕТО НА МОШТИТЕ НА ПАПАТА КЛИМЕНТ КОЈ УМРЕЛ ВО ПРОГОНСТВО НА КРИМ.ПО СМРТТА НА СВОИТЕ СВЕТИ УЧИТЕЛИ ,ПОД ПРИТИСОК НА ГЕРМАНСКИТЕ СВЕШТЕНИЦИ , СО ГОРАЗД,НАУМ,АНГЕЛАРИЈ И САВА ,ЗАЕДНО НАРЕЧЕНИ ПЕТОЧИСЛЕНИЦИ ,ОД МОРАВИЈА ТРГНАЛЕ НА ЈУГ ,НАЈНАПРЕД ВО БУГАРИЈА ,А ПОТОА КЛИМЕНТ ДОШОЛ ВО ОХРИДСКИОТ КРАЈ ЗА ДА ГО УЧИ СВОЈОТ НАРОД НА БОЖЈИТЕ ВИСТИНИ.ПРВО ОСНОВАЛ МАНАСТИР ВО БЕЛИЦА ,КАДЕ ШТО МУ БИЛО И ПРВОТО ЕПИСКОПСКО СЕДИШТЕ.ПОДОЦНА СЕ ПРЕСЕЛИЛ ВО ОХРИД И РАЗВИЛ ГОЛЕМА АРХИПАСТИРСКА И ПРОСВЕТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ ЗА БЛИСКАТА И ПОДАЛЕЧНАТА ОКОЛИНА.БИЛ НЕУМОРЕН,ОДЕЛ ОД СЕЛО ДО СЕЛО,ОД ГРАД ДО ГРАД И НА РАЗБИРЛИВ НАРОДЕН ЈАЗИК ГО ПРОГОНУВАЛ МРАКОТ ОД УМОТ И СРЦАТА НА СВОИТЕ СОНАРОДНИЦИ.ОБЛАСТА КУТМИЧЕВИЦА ВО КОЈА ДЕЛУВАЛ КЛИМЕНТ НЕ Е ПОЗНАТА ВО ДЕНЕШНАТА ТОПОНИМИЈА НА БАЛКАНОТ , НО СПОРЕД ДРУГИТЕ ТОПОНИМИ КОИ СЕ СРЕТНУВААТ , СЕ РАБОТИ ЗА ДЕНЕШНОТО ТРОМЕЃЕ НА МАКЕДОНИЈА,ГРЦИЈА И АЛБАНИЈА.

ВО БОГАТАТА И РАЗНОВИДНА ДЕЈНОСТ НА КЛИМЕНТ СПАЃА И ГРАДБАТА НА НЕКОЛКУ ЦРКВИ И МАНАСТИРИ КОИ СТАНАЛЕ ЦЕНТРИ НА СЛОВЕНСКАТА КУЛТУРА ,КАКО И УЧИЛИШТАТА , МЕЃУ КОИ НА ПРВО МЕСТО Е ОХРИДСКАТА КНИЖЕВНА ШКОЛА ИЛИ ТАКАНАРЕЧЕНИОТ КЛИМЕНТОВ УНИВЕРЗИТЕТ ВО КОЈАШТО ОБРАЗОВАНИЕТО БИЛО ПОСТАВЕНО НА ШИРОКА ОСНОВА.СПОРЕД ЖИТИЕТО НА ТЕОФИЛАКТ,КЛИМЕНТ ИМАЛ 3 500 УЧЕНИЦИ КОИ ГИ ОСПОСОБУВАЛ ЗА ЦРКОВНА БОГОСЛУЖБА.ПРОСВЕТИТЕЛСКО-ЦРКОВНАТА АКТИВНОСТ НА КЛИМЕНТ ТАМУ ТРАЕЛА СЕДУМ ГОДИНИ.КЛИМЕНТ ГО ПОДУЧУВАЛ МЕСНОТО НАСЕЛЕНИЕ И ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ,ВО КАЛЕМЕЊЕТО НА ДИВИ ОВОШКИ,ПРИПИТОМУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ , А И ГО ЛЕКУВАЛ ОД НЕКОИ БОЛЕСТИ.ВО ОХРИДСКАТА КНИЖЕВНА ШКОЛА ДОСЛЕДНО ГО ЧУВА ДЕЛОТО НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ,СЕ УПОТРЕБУВА ГЛАГОЛИЦАТА  И ВЕРНО СЕ ЧУВА ЈАЗИКОТ НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ.

Image result for Плаошник

КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ПРЕВЕДУВАЛ ЦРКОВНА ЛИТЕРАТУРА.ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ РАБОТЕЛ НА ПРЕВОДОТ НА „ЦВЕТНИОТ ТРИОД “ ОД ГРЧКИ НА СЛОВЕНСКИ ЈАЗИК.ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДАТА СЛОВЕНСКА ЦРКВА ВО МАКЕДОНИЈА НАПИШАЛ ОКОЛУ ПЕДЕСЕТ ПОУЧНИ (ПРАЗНИЧНИ ) И ПОФАЛНИ СЛОВА.ЗА ЕДНА ТРЕТИНА СИГУРНО СЕ ЗНАЕ ДЕКА СЕ НЕГОВИ ДЕЛА БИДЕЈЌИ СЕ ПОТПИШАНИ СО НЕГОВОТО ИМЕ.ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ,ПОРАДИ СКРОМНОСТА ВООБИЧАЕНА ЗА ПИСАТЕЛИТЕ ОД ТОА ВРЕМЕ,КЛИМЕНТ НЕ ГИ ПОТПИШАЛ СО СВОЕ ИМЕ , НО ПО СТИЛОТ СЕ ЗАКЛУЧУВА ДЕКА И ТИЕ ПРОИЗЛЕГЛЕ ОД НЕГОВАТА РАКА.СЕ ПРЕТПОСТАВУВА И ДЕКА Е АВТОР НА ЖИТИЈАТА НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ,ПОЗНАТИ КАКО „ПАНОНСКИ ЛЕГЕНДИ“ ОД КОИ СЕ ПРОУЧУВА НИВНИОТ ЖИВОТ И ДЕЛО ИЛИ БАРЕМ НА ЕДНО ОД НИВ.

КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ СЛОВАТА ГИ ДРЖЕЛ ВО ВИД НА ГОВОР СО ШТО СЕ ЈАВУВА И КАКО ОРАТОР,ПОТОА НЕГОВИТЕ УЧЕНИЦИ ГИ ПРЕПИШУВАЛЕ И ГИ ШИРЕЛЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ.СО СЛОВАТА СЕ ЈАВУВА КАКО ПРВ ОРИГИНАЛЕН СЛОВЕНСКИ ПИСАТЕЛ.ЌЕ СПОМНЕМЕ САМО ДЕЛ ОД НИВ:ПОХВАЛА НА КИРИЛ ФИЛОЗОФ,ПОХВАЛА НА СЛОВЕНСКИТЕ УЧИТЕЛИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ,ПОХВАЛНО СЛОВО НА БЕСТЕЛЕСНИТЕ МИХАИЛ И ГАВРИЛ,ПОХВАЛНО СЛОВО ЗА ЧЕТИРИДНЕВНИОТ ЛАЗАР,БЕСЕДА ЗА БЛУДНИОТ СИН,ПОХВАЛА НА ПРОРОКОТ ЗАХАРИЈ И СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ,СЛОВАТА ПОСВЕТЕНИ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА,СЛОВАТА ПОСВЕТЕНИ ЗА НАСТАНИТЕ ОД ЖИВОТОТ НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС И ДРУГИ.

 

publika copy copy copy copy

ПОУЧНИТЕ СЛОВА ГИ НАПИШАЛ НА ЕДНОСТАВЕН СТИЛ И БИЛЕ НАМЕНЕТИ ЗА БОГОМОЛЦИТЕ,ПА ЗАТОА СЕ ЛЕСНО РАЗБИРЛИВИ.ПОФАЛНИТЕ СЛОВА БИЛЕ НАМЕНЕТИ ЗА ПОУЧЕНИТЕ ЛУЃЕ И СЕ НАПИШАНИ НА ПОВИСОК СТИЛ КОЈ ИМА ПРЕТЕНЗИИ НА УЧЕНОСТ,ДУРИ И НА НАУЧНОСТ ,ЗАШТО ВО СЕБЕ СОДРЖАТ И МИСЛИ НА АВТОРОТ ЗА ПООДЕЛНИ ДОГМИ НА ХРИСТИЈАНСКАТА РЕЛИГИЈА.НЕКОИ ОД НИВ ЗВУЧАТ ДУРИ И КАКО ХИМНИ.

ПРЕД ДА УМРЕ, СВОЈОТ ИМОТ-КНИЖЕВНИТЕ ДЕЛА ,КЛИМЕНТ ГИ ПОДЕЛИЛ И ЗАВЕШТАЛ НА ЕПИСКОПИЈАТА И НА СВОЈОТ МАНАСТИР.

КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ Е ЗАШТИТНИК НА ОХРИД.СПОРЕД ПРЕДАНИЈАТА , ТОЈ ГО СПАСУВАЛ ГРАДОТ И НЕГОВИТЕ ЖИТЕЛИ СЕКОГАШ КОГА БИЛЕ ВО НЕВОЛЈА.СВЕТИ КЛИМЕНТ Е ЗАКРИЛНИК И ПАТРОН НА ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД НИЗ НЕГОВАТА  ИСТОРИЈА.ТОЈ Е ПАТРОН НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА БОГОСЛОВИЈА И БОГОСЛОВСКИОТ ФАКУЛТЕТ,КАКО И НА ГОЛЕМ БРОЈ

НАУЧНИ И ПРОСВЕТНИ ИНСТИТУЦИИ ВО НАШАТА ЗЕМЈА.НЕМУ МУ СЕ ПОСВЕТЕНИ И ГОЛЕМ БРОЈ НОВОИЗГРАДЕНИ ЦРКВИ И МАНАСТИРИ ВО ПОВЕ-ЌЕ ЗЕМЈИ КАДЕ ИМА МАКЕДОНЦИ.

ОПШИРНОТО ЖИТИЕ НА КЛИМЕНТ ИЗРИЧНО КАЖУВА ДЕКА ТОЈ НАЈМНОГУ САКАЛ ДА ПРЕСТОЈУВА ВО ОХРИД.ЈА ЉУБЕЛ УБАВИНАТА НА СВОЈОТ МАНАСТИР „ЗА КОЈ ТАГУВАЛ КОГА СЕ ОДДАЛЕЧУВАЛ НЕКАДЕ ДРУГАДЕ “.ДЕЈНОСТА НА КЛИМЕНТА И НЕГОВИТЕ СОРАБОТНИЦИ ЈА ЗАЦВРСТИЛА СИЛНО КУЛТУРНАТА УЛОГА НА ОХРИД.ОХРИД , А И СИТЕ НАШИ КРАИШТА МУ СЕ ОДДОЛЖУВААТ НА КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ СО ТОА ШТО СЕКОГАШ ,ДУРИ И ВО НАЈТЕШКИТЕ ВРЕМИЊА,ГО ЧУВАЛЕ И ГО ЧУВААТ ЖИВ СПОМЕНОТ ЗА НЕГО , ДА НЕ СЕ ЗАГУБАТ ТРАГИТЕ ОД НЕГОВАТА ДЕЈНОСТ.

                                                                                     

ТАТЈАНА ДУРНЕВА, професор по македонски јазик и литература од Охрид