Во негова чест УНЕСКО ја прогласи 2019 година, за година на Периодниот систем на Менделеев. Одбележувањето на овој јубилеј започна во јануари со голема свеченост во седиштето на УНЕСКО во Париз, а продолжува во текот на годината ширум светот со различни манифестации.
Кон одбележувањето се придружуваат и НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. По тој повод днеска – петок 22 март во 12.00 ч., во Библиотеката предавање за значењето на таблицата на Менделеев ќе одржи проф. д-р Велимир Стојковски.