×

Преведи ја страницата

Членови на ПЕН ќе одржат Меѓународно литературно читање во Охрид

7 јуни, 2019 

Во рамките на  17.Регионална конференција на македонскиот ПЕН Центар  – Преспа утре – сабота  во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи Меѓународно литературно читање.

pen-centar-1200x545_c

Во Прличевата одаја на библиотеката свои стихови од 18 часот  се очекува да читаат: Ифигенија Симоновиќ (Словенија), Вида Огњановиќ (Србија), Катица Ќулавкова (Македонија), Иван Џепароски (Македонија), Мирча Дута (Романија), Тоне Першак (Словенија), Санде Стојчевски (Македонија), Димитар Башевски (Македонија), Фахредин Шеху (Косово), Славе Ѓорго Димовски (Македонија), Тоде Илиевски ( Македонија), Лена Рут Стефановиќ (Црна Гора), Весна Ацевска (Македонија), Анжела Димчева (Бугарија), Калина Малеска (Македонија), Александар Прокопиев (Македонија),            Владимир Мартиновски (Македонија) и Зоран Анчевски (Македонија)

Настанот е од отворен карактер за сите заинтересирани читатели од Охрид и пошироко.

Тема на годинашната конференција на поетите , новелистите и есеистите од регионот е : „Етичкото, политичкото и естетското  во книжевноста“.