17 ноември 2018
Вчера во Демир Хисар во организација на Библиотекарското здружение на Македонија се одржа традиционалниот Републички натпревар „Млади библиотекари“.
Првото место го освои Борче Исакоски од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид под менторство на Санта Миткова. На второ и трето место се пласираа претставниците од Струмица и Радовиш.
Годинава на натпреварот учествуваа 21 натпреварувач од цела Македонија.