×

Преведи ја страницата

Борче Исакоски најдобар млад библиотекар за 2018

31 октомври 2018

Првото место на 19 –от  Oпштински натпревар „Млади библиотекари“ го освои ученикот Борче Исакоски од ОУ „Христо Узунов“ под менторство на Санта Миткова.

Исакоски  ќе го претставува своето училиште и НУ Библиотека „Григор Прличев“ на републичкиот натпревар што ќе се одржи во Демир Хисар на 16 ноември.

На малата свеченост одржана во охридската библиотека нему му беше врачена награда во книги, а на останати учесници и ментори им беа врачени благодарници и книги во знак на сеќавање и учеството во натпреварот.

На натпреварот oдржан мината недела учествуваа 15 ученици од основните училишта: „Св Климент Охридски“, „Григор Прличев“,  „Христо Узунов“ , „Живко Чинго“,  „Кочо Рацин“,  „Св. Наум Охридски“ и „Ванчо Николески“.

Организатор на натпреварот беше Библиотекарското здружение на Македонија.