08 февруари 2016
„Прличевите беседи 2016“ годинава започнаа на 5-ти февруари, во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид каде што свое излагање за делото на Прличев имаа проф. д-р Димитар Пандев, филолог и литературен критичар, редовен професор на Филолошкиот Факултет во Скопје и Славе Ѓорѓо Димоски, поет и писател за деца член на ДПМ од 1984 година. После своето излагање двајцата автори имаа можност публиката да ја запознаат со дел од своето творештво.
По поставувањето на лавроав венец и свежо цвеќе на бистата на поетот, во просториите на библиотеката беше оддржана беседа за Прличев од страна на поетот Јован Стрезовски кој се обрати во име на Друштво на писатели на Македонија, после која започна Традиционалната Охридска Визита на која учествуваат истакнати лица од општествениот, политичкиот и културниот живот во Охрид.
На 6-ти февруари беше оддржана Панихида на гробот на Прличев а веднаш после тоа започна културана активност во спомен куќата на Прличев во која свое обраќање покрај градоначалникот на Општина Охрид д-р Никола Бакрачески, имаше и проф.д-р Георги Сталев.
Повеќе слики во галерија.