×

Преведи ја страницата

Академик Миле Миќуновиќ – почесен член на НУ Библиотека во Охрид

14.10.2019г. 

Денеска на посебна пригода сврзана со 68 роденден и поставената изложба на книги под наслов „Родени во октомври“ Академик Миле Мижуновиж беше прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

mile i gordana 1

Директорката на Библиотеката Гордана Змејковска му ја врачи благодарницата како сведоштво за неговата нераскинлива и долгогодишна врска со нашата Установа.

mile

Миле Данило Миќуновиќ е доктор на медицински науки, професор, специјалист по урологија, роден е на 12 октомври 1951 година во Кичево. Основно и средно образование завршил во Охрид, а Медицински  факултет во Скопје во 1978 година. По дипломирањето, се вработил во Специјална болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” – Охрид, од каде што се пензионира. Усниот  докторски испит го положил во 1992 година, а на 7 мај истата година на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград јавно ја одбранил и докторската дисертација “Можности за подобрување на лекувањето на неврогената дисфункција на долниот уринарен тракт кај спинални повреди” и се стекнал со титула “доктор на медицински науки”. Од март, 2018г.  тој стана акдемик, член е на Европската академија на науките и уметностите во Салцбург – Австрија.

миле и горданаж

Академик Миќуновиќ  во неговата докторска фела е познат по 400 научни и стручни трудови, 10 универзитетски книги  над 50 колумни во дневен печат и стотина популарни статии напишани на веб порталот Доктори мк.

blagodarnica mile

Зад него веќе има 105 книги а во нашата библиотека пред очите на јавноста деновиве беа изложени 15 книги објавени во последниве две години а на кои издавач е токму НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.