15 март, 2019
Во понеделник на 18 март НУ Библиотека „Григор Прличев“ заедно со Општина Охрид ќе одбележат: „185 години од раѓањето и 110 години од смртта на Кузман Шапкарев“
Факти за животот и делото на Шапкарев ќе изнесе Татјана Дурнева, професор по македонски јазик и книжевност а на тема: „Журналистичката и публицистичка дејност на Кузман Шапкарев“ ќе беседи д-р Томе Груевски.
Извадоци од богатото творештво на Шапкарев ќе читаат учениците: Елена Кецкароска и Петар Лекоски.
Настанот ќе се одржи во понеделник – 12 часот во големата сала на општина Охрид.