23 март 2018
Во спомен на 25 март 1860 година, денот кога Григор Прличев во Атина беше закитан со “Ловоров венец” за поемата “Сердарот”, на 26 март во 12:00 часот во просториите на НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид ќе биде претставен дел од творештвото на нашиот голем поет. Тоа се “Мечта на еден старец”, “О кај си мила славеј птичка” и други целини и фрагменти, кои ја надолнуваат сликата за великанот за 19-тиот век.