×

Преведи ја страницата

Успешно се одвива акцијата „Подари – размени книга“.

4 април 2019

По повод 2 Април Светскиот ден на литературата за деца,  втора година по ред студентите од Факултетот за странски јазици при ФОН и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид заедно ја спроведуваат акцијата „Подари – размени книга“.

deca raz

Веќе трет ден  книги  разменуваат ученици од петтите одделенија од сите основни училишта од општина Охрид.

deca bib

Идејата е преку размена на книгата читателите да дојдат до нови интересни четива и сознанија и како што често се вели – да им се отворат нови светови.

deca

Вработените и студентите на факултет за странски јазици на ФОН универзитетот деновиве беа вклучени во акцијата за собирање книги кои се разменуваат а подоцна во соработка со охридската библиотека ќе бидат донирани.

grigor

И децата и нивните наставници со задоволство ја прифатија акцијата и бараат да се одржува повеќе пати во текот на учебната година.

IMG-5c958a57241a345e57e992d6c6560871-V (1)

Убаво е кога ќе се види како учениците трагаат по своето омилено четиво и автор и зборуваат за книгите, велат од библиотеката.

IMG-159e14f6e2d37603b630a34f12912356-V

„Прличевата одаја “ во НУ  библиотека  до утре – петок ќе биде отворена  од 10 до 15 часот за размена на книги.

sv kliment

vanco nikoleski

Последниот ден од акцијата во неа ќе можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани да донираат и да си земат книга по избор. Акцент и утре  ќе  е ставен на литературата за деца.