3 мај, 2019
Деновиве во рамките на наставната програма по турски јазик НУ Библиотека „Григор Прличев“ ја посетија ученици од трето , седмо и осмо одделение од ОУ „Братство – Единство“ – Охрид кои се образуваат на мајчиниот , турски јазик.
Тие направија обиколка на библиотеката и од страна на нашите вработени беа информирани за процесот на работа на библиотеката и како функционира издавањето на книгата и што содржи фондот на библиотеката.