×

Преведи ја страницата

Поетското читање под наслов: „ Убав и нежен стих – ист како жените“

7 март 2019 

Во  организација на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денеска – четврток  во пресрет на Меѓународниот ден на жената се одржи поетското читање под наслов: „ Убав и нежен стих – ист како жените“

ci

Жените  – поети: Марија Младеноска, Иванка Балева и Горка Донеска  членки на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и на програмата „Грижа за стари лица“ при Црвен крст – Охрид читаа свои творби.

53296993_264355504486141_579653888689307648_n

Со извадок од својата поема посветена на мајката и стихови од охридската поетеса Кристина Рудеска настапи поетот Љупчо Милковски.

53283436_385250425391127_8493329430209363968_n

Свој настап во рамките на проектот „Вие нам музика, ние вам книга“ на нашата библиотека и ОМУ „Методи Патче“ настапи младата и надежна виолинистка Лина Николеска.

53218917_390708938179589_4959781869248839680_n

М-р Милчо Јованоски од нашата библиотека кој беше модератор на настанот од богатата ризница на македонската поезија презентираше љубовни стихови во кои е опеана убавината и нежноста на жената.

53808719_819066961759444_8128492737465942016_n

Директорката на библиотеката Гордана Змејковска на учесниците во чест на 8 март им подари  по една книга од авторката Вера Самарјанин.

DSC_0241

Присутните ја погледаа и изложбата на дела од роднокрајните автори родени во март: Јане Велјаноски, Левко Андоновски, Мито Спасески, Благородна Буџак, Славе Ѓорѓо Димоски, Маринела Јовановиќ и Тоде Илевски.

Колегата Илиевски денес го прослави 67 роденден и овој ден му беше последниот работен ден во билиотеката.