11 септември, 2019 г.
Охриѓани вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид имаа можност за средба со неколкумина хрватски поети.
Водителот на средбата – поетот Мирко Томовски и поетесата Виолета Сековска, гостинка од Скопје на свој – инвентивен начин ги претставија нивните хрватски колеги: Здравко Одорчиќ, Маја Хершак, Весна Премер и Лука Премер.
Повеќе од сигурно е дека поезијата го зацврсти пријателството помеѓу македонските и хрватските писатели и преку дружбата беа отворени нови хоризонти за идна соработка.
Поетската средба со свој настап ја збогатија младите музичари – сестрата и братот Емилија и Илија Волканоски.
Настанот покрај љубители на пишаниот збор го проследија и ученци од трета година од охридската гимназија – јазична насока.