2 април 2015
Денеска НУ. библиотека “Григор Прличев“, го одбележа меѓународниот ден на книжевноскта за деца и млади со портрет на Маринко Митков.
“Нашата идеја е да го свртиме вниманието на пошироката културна јавност кон едно блескаво книжевно дело кое не е доволно проучено и не е поставено на соодветно место во македонската книжевна ризница“- истакна директорката на библиотеката Александра Белевска.
Маринко Митков е аврор на голем број научни статии и прикази од областа на јазикот, најчесто објавувани во списанијата “Македонски јазик“ и ““Литераурен збор“ а голем дел од нив биле обелеоденети на научни собири, семинари, конгреси и симпозиуми организирани во земјава или во странство. Автор или коавтор е на десетина книги од областа на јазикот. Како писател за деца и млади ќе остане запаметен преку неговата соработка со македонските списанија за најмалдите: “Наш свет“, “Развигор“, “Другарче“
Фрагменти од стихозбирките “Гласните теми на Миле и Еми“ и “Убаво, поубаво, најубаво“, пред присутните читаа Мариче Боздоганова и Лилјана Мартинова. Покрај овие стихозбирки Митков ги објавил и следниве стихозбирки “Срцето на росата“, “Каква боја има животот“, “Песни за Матеј“.
Маринко Митков е поет кој мајсторски владее со јазикот. Особено се истакнува со познавањето на класичниот стих, но уште повеќе како застапник на слободниот стих. Тоа значи дека токму тој е вистинскиот воведувач на слободниот, неримуван стих во македонската поезија. Иатакна писателот Тоде Илиески.