×

Преведи ја страницата

Деветнaесет ученици од седум училишта од општинава во трка за титулата „Најдобар библиотекар за 2019“

24 октомври, 2019 г. 

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид денеска се одржа Општинскиот натпревар „Млади библиотекари”.

mladi naslovna

Радува податокот што интересот за натпреварот меѓу учениците се зголемува. Своите знаења денес ги тестираа 19  ученици,  од основните училишта: „Св Климент Охридски“, „Григор Прличев“,  „Христо Узунов“ , „Живко Чинго“,  „Кочо Рацин“,  „Св. Наум Охридски“ и „Ванчо Николески“.

mladi

Ментори на учениците натпреварувачи беа: Снежана Стојаноска, Благица Мутлакоска, Валентина Рубаноска,Мери Крстеска, Санта Миткова, Фила Веровска – Стојковска Наташа Митреска и Ана Пупиноска – Стојкоска.

mladi 2

Резултатите од натпреварот како што ни соопштија од  Комисијата во состав: Весна Симоновска, Елизабета Бојчевска и Никола Ристовски, вработени во Библиотеката, ќе бидат познати во текот на следнатa недела.

mladi 3

Најдобриот ученик ќе го претставува Охрид на Републичкиот натпревар во Скопје закажан за 15 ноември.

Организатор на натпреварот е Библиотекарското здружение на Македонија.