×

Преведи ја страницата

Амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија во посета на библотеката во Охрид

7 април 2015

Во присуство на амбасадорот на Р.Хрватска во Р.Македонија проф.д-р Златко Крамариќ, градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески, представници на Хрватската заедница во Република Македонија и многу гости, во библиотеката “Григор Прличев, беше одбележан значаен датум од културната историја на македонскиот и хрватскиот народ 200 години од раѓањето на хрватскиот великан од 19-тиот и почетокот на 20-тиот век Јосип Јурај Штросмаер(1815-1905).

Штросмаер е личност со енциклопедиски формат, но неговото дело е особено важно во три области: прво како хрватски бискуп, доктор по теологија, второ тој е политичар, Лидер на народната Партија и трето, истакнат културен деец. Се зачагал за обединување на Јужните Словени под власта на Хабзбурговците, но разочаран од неисполнувањето на своите очекувања, ја напуштил политиката. Станал голем народен добротвор. Тој е основач на Југословенската Академија на Науките и Уметностите и на Универзитетот во Загреб.Несебично ги помагал Матица Српска и Матица словенечка.

Се што успеал да направи во животот е во знакот на доблеста, која до особен израз дошла со поддршката за издавање на капиталното дело , Зборникот на Миладиновци, со што започнува големата македонска преродба. Пред присутните се обрати директорката на библиотеката Александра Белевска, м-р Разме Кумбароски и проф.д-р Златко Крамариќ.