Дејност
Основна дејност на библиотеката е библиотечната дејност. Во рамки на оваа дејност библиотеката врши повеќе работи.
- Набавува, чува, стручно обработува, заштитува и дава на користење библиотечен материјал определен со Законот за библиотеки
- комплетира и под посебни услови обработува и чува архивски примерок од вкупниот книжен и некнижен библитечен материјал што се издава и печати во Република Македонија
- истражува, прибира, чува и обработува библиотечен материјал со својство на културно наследство и редок библиотечен материјал.
- изготвува и изработува каталози за библиотечниот материјал што се наоѓа во библиотеката.
-врши библиогравско- информативно-документарна дејност
- подготвува и издава библиографии
- врши научно-истражувачка работа од библиотекарството и информативните дејности
- ги проучува состојбите и потребите за развој на библиотечната дејност и дава препораки и предлози за нивно унапредување
- се грижи за стручно усовршување на библиотекарските кадри
- врши размена и позајмување на библиотечен материјал со други библиотеки и институции
- соработува во меѓубиблиотечна размена и посредување на информации.
- врши заштита на библиотечниот материјал согласно утврдените правила и стандарди за техничко заштитни мерики, за чување и заштита на библиотечниот материјал
- микрофилмува, умножува и печати библиотечен материјал
- врши дезинфекција на библиотечниот материјал
- подготвува и издава публикации што произлегуваат од нејзината дејност
- врши маркетинг во функција на библиотечната дејност
- го промовира и афирмира библиотечниот материјал и движнотот културно наследство на Републка Македонија, преку изложби, предавања, литературни читања, семинари и курсеви приказување на филмови и други форми на дејствување
- отуѓува библиотчен материјал од резервниот фонд на библиотеката
- вклучување во заемниот библиогавски систем и пристап на библиотечен материјал во електронска форма.
- врши и дуги работи предвидени со Законот за култура, Законот за библиотеки и други прописи.
Покрај гореспоменатите библиотеката извршува и повеќе дополнителни дејности
- Издавачка дејност
- Печатење и услужни активности во врска со печатењето
- Дејности на посредување во културата и дејност на објекти во културата и други дејности од областа на културата