22 април 2015
На 23 април – четврток, во просториите на НУ. библиотека “Григор Прличев“ – Охрид ќе биде одбележан Меѓународниот ден на книгата и авторското право. По тој повод во библиотеката ќе биде одржан портрет посветен на Андреј Вознесенски. Реч за Вознесенски ќе одржи писателот Тоде Илиевски, а одбрани стихови од неговата поезија ќе читаат Лилјана Мартинова и Мариче Боздоганова.
Настанот ќе започне во 12 часот.