×

Преведи ја страницата

Читалната затворена , книги ќе се издваат нормално

11 март, 2020 г.

Согласно мерките и препораките од Владата (по предлог заклучоци од Комисија за заразни болести) донесени на ден 10.03.2020 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид донесе одлука дека Библиотеката нема да работи со корисниците на читалната, односно читалната ќе биде  затворена.

biblioteka

Според препораките и на Министерството за здравство НУ Библиотека од Охрид ги откажува сите закажани промоции и настани во наредните 14 дена.

Одделот за издавање на книги ќе  работи со нормално работно време.

Одлуката стапува во сила веднаш . За престанокот на оваа одлука дополнително јавноста ќе бидете известени согласно состојбата и препораките од Владата.