6 март, 2020 г.
Традиционално Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и охридската библиотека „Григор Прличев“ Меѓународниот ден на жената го одбележуваат со креативна работлница во чии рамки најмладите од хартија изработуваат разни подароци за своите мајки, баби и сестри.
Денеска во Прличевата одаја на библиотеката заедно вработените од библиотеката и конзулатот дружеа и беа креативни со триесеттината ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ од населбата Даљан.
Учениците од второ, трето и петто одделение заедно со своите наставнички: Виолета Јанковиќ, Билјана Мишева и Лепа Михајлова не само што беа креативни туку отпеаа и песни посветени на 8 март.
Елена Обухова од почесниот конзулат на Русија во Охрид ни кажа дека 8 Март во нејзината земја е неработен ден.