×

Преведи ја страницата

На Благодарницата писателот Фортoмар возврати со Благодарница

19 февруари, 2020 г.
Миговите кога се споделуваат со блиски и свои луѓе, луѓе од својот роден град се непроценливи.  Охрид бил, е и ќе биде расадник на такви литературни творци со чии дела се гордееме и сигурно и идните генерации ќе имаат можност да се гордеат.

KOSTA_-_FOTO_5

Лани на 6 декември во „Прличевата одаја“ во пресрет на празникот на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во рамките на пригодната свеченост на ќерката на охридскиот писател Коста Фортомар ( отсутен од здравствени причини) Весна Фортомароска и’ беше врачена благодарница за Коста Фортомар со која библиотеката го прогласи за свој почесен член.

FORTOMAR
На благодарноста – писателот Фортомар неодамна во пресрет на уште еден голем настан за Охрид, „Прличевите беседи“ ни возврати со Благодарница за нашата Установа во која пишува: „Григоре, горди сме што те имавме. Никогаш не се откажа од твојот род, од својот град.
Беше горд самјак, отиде во Атина и ги победи тамошните поети, постана ЛОВОРОНОСЕЦ.
Со Вас, со „Прличевите беседи“ споменот на Григор Прличев е вечност, ни напиша Фортомар, кому ние му сме бескрајно благодарни.
Коста Фортомар роден е во Охрид во 1933 година во стара охридска фамилија.
Почнал со козерии објавени во ,, Просветен работник”, потоа пишувал цртици и раскази. Учествувал на литературни конкурси кои го потстрекнувале да продолжи со пишување.На конкурсот на Радио Охрид за најдобар расказ во 1977 година добил и награда за расказот ,,Билјана” кој е печатен во весникот „Езерски глас” и во првиот број на списанието за литература ,,Спизалит”.
Неговите раскази биле објавувани во Нова Македонија во 1988 година добил  награда на конкурсот на подлистокот „ЛИК”. Автор е на следните дела: романот ,,Прличев горд самјак” (Радио-Охрид1992) и на збирката раскази ,,Бомба во рајот”(Маседонија Прима,1995). Во 2004 г. во издание на „Летра“ се појавува неговиот роман „Жена“. Потоа во 2005 “Пролетта на Живко Чинго”; 2010 “Благословена земја Климентова”; 2015 “Езеро, рибари и боемот” сите во издание на Ирис-Струга.