6 февруари, 2020г.
Пред бистата на патронот се поклонија и положија цвеќе и вработени во нашата Библиотека. Делегацијата ја предводеше директорката Гродана Змејковвска.
И оваа година цвеќе пред бистата на поетоот постави и нееговата внука Олга Прличева од Софија, Бугарија.
Пред бистата на Вториот Хомер – Григор Прличев во име на Друштвото на писателите на Македонија со ловоров венец го овенча поетот и говореше беседа за него поетесата Снежана Стојчевска од Скопје.
Во рамки на чествувањата посветени на Григор Прличев, делегација на општина Охрид предводена од претседателката на градскиот Совет , Живка Ангелоска положи свежо цвеќе пред спомен бистата на поетот пред НУ Библиотека „Григор Прличев“
Колегата Милчо Јованоски најавувајќи ја беседата ја соопшти информацијата на општина Охрид дека најдоцна до 25 март, годинава кога ќе се одбележат 160 години од излегувањето на поемата „Сердарот“ спомен – бистата на Прличев од сегашната локација, со одлука на Советот на општина Охрид ќе биде преселена меѓу двете крила на нашата библиотека „Григор Прличев“.
Наша делегација по традиција положи цвеќе и на гробот на Прличев во непосредна близина на црквата Св. Богородица – Перивлептос.
Општинска делегација предводена од заменик градоначалникот, Ристо Николески цвеќе положи и на гробот на Прличев каде се одржа и панихида.