×

Преведи ја страницата

Прoмовирани најновите две дела на Вера Самарјанин

21 октомври, 2019 г.

Пред три дена, во петокот на 18 октомври во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се одржи средба со писателката и хуманист Вера М. Самарјанин од Битола.

trojcata
Модераторот Мирко Томовски ги промовира нејзините најнови книги: „Без спокој“ и „Неспокој“ а извадоци од книгите читаше Маја Мојсова.

mirko
Од пред една година хуманистката и писателка Вера М. Самарјанин е почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

vera samarjnain
Самарјанин има издадено свои 57 ( наслови ) книги. Досега уредила седумдесеттина книги од група автори. Само од првите 7 прозни дела имам подарено 7.000 книги, а се вкупно до денес има подарено над 20.000 книги.

вера
Сите нејзини книги, се самофинансирани и се донирани по градинките, училиштата и домовите за стари лица низ Р.Македонија.

publika
Вера и овој пат донираше книги од двете најнови изданија во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид , како ина сите присутни на промоцијата.

drugarka

Настанот со своето присуство го збогатија ученици од осмо одделение од ПУ „Григор Прличев“ од Охрид, како и младата Ѕвездана Дуцкиновиќ од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид која на гитара изведе две композиции.

zezdana
Вера М. Самарјанин е една од најпознатите хуманисти на овие простори. Таа за својата активност на ова поле од раните деведесетти до сега има добиено многу награди и признанија од Македонија и пошироко од Балканот. Живее на релацијата Битола – Италија .