×

Преведи ја страницата

Деца со македонски корени од Србија во посета на нашата библиотека

19 јули 2019

Вчера во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше мала делегација од тројца учесници  на Летен камп наменет за деца со македонско потекло ( од дијаспората) придружувани од Ивана Цветковиќ од Лесковац.

so deca

Цветковиќ е една од најактивните членки на Националниот совет на Македонците во Република Србија.

deca 3

Во библиотеката беа примени и разговараа со директорката Гордана Змејковска.

deca

Накусо гостите беа запознати со улогата на нашата библиотека и фондот на книги, а Ивана Цветковиќ одблиску не информира со состојбата на македонскиот јазик во Србија.

-Македонскиот јазик во соседна Србија со елементи од националната култура во основното образование почнувајќи од прво одделение е изборен предмет, рече Цветковиќ.

Во мигов според неа македонскиот јазик го учат околу 280 деца од Суботица до Прешево. Но, најмногу 120 деца континуирано јазикот на нивните предци го учат во Лесковац и околината.

67430997_671651763348593_7734552607590449152_n

Гостинчињата заедно со нивната наставничка на библиотеката во името на Националниот совет на Македонците од Република Србија и подарија најнови примероци од списанијата: „Македонска виделина“ и „Ѕуница“ како и други книги во издание на македонскиот совет.

67072470_514485822625115_133694553738706944_n

Возвратно директорката на нашата библиотека им предаде одбрана македонска литература со која ќе бидат збогатени училиштата во кои се изучува македонскиот јазик. Договороено е контактите да продолжат а соработката во иднина да се продлабочи.