×

Преведи ја страницата

Заврши деветото издание на „Струшки книжевни средби“

8 јули 2019 г. 

Од 4 до 6 јули во Струга и Охрид се одржа деветото издание на книжевната манифестација „Струшки книжевни средби“. Манифестацијата започна во Охрид, со посета на  „Св, Софија“ и „Мал св. Климент“ и дегустација на локални вина во винаријата  Мал Св. Климент .

66057922 2392402367660013 4042452467722485760 n

Во  НУ Библиотеката „Григор Прличев“се одржа промоција на поетската книга „Небесна тишина“ од авторот Новица Соврљиќ, за која зборуваа писателите Петко Шипинкароски и Даниела Андоновска Трајкова, модератор беше Милчо Јовановски.

66130888 603456096844391 8245112549935153152 n

poВо рамките на манифестацијата  во предворјето на црквата Св. Ѓорѓија во Струга на д-р Димитар Панев му беше доделена Големата награда на Струшките книжевни средби – „КНИЖЕВНА ДАЛГА“ за 2019 година 

Реч за добитникот на наградата одржа  Даниела Андоновска-Трајковска

Наградата ја врачи претседателот на БРАН и организатор на Струшки книжевни средби Петко Шипинкаровски

pandev

poezija

Наградата БРАНУВАЊА за најдобра прочитана песна на македонски и странски автори ја добија: Драгица Шредер (Германија), Лабуд Лончар(Црна Гора), Гордана Среќковиќ (Холандија), Сенка Павловиќ (Србија и Весна Мундишевска Велјановска и Сузана Мицева од Македонија.