10 јуни, 2019
Во саботата во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се одржа Меѓународно литературно читање во рамките на 17 Регионална конференција на македонскиот ПЕН центар.
Во еден опуштен амбиент и со несекојдневен флуид гостите поети, есеисти и новелисти со кажување на делови од сопствените книги и песни создадоа волшебен флуид , меѓу себе , поезијата и публиката.
Во Прличевата одаја на библиотеката читаа: Ифигенија Симоновиќ (Словенија), Вида Огњановиќ (Србија), Катица Ќулавкова (Македонија), Мирча Дута (Романија), Тоне Першак (Словенија), Санде Стојчевски (Македонија), Фахредин Шеху (Косово), Славе Ѓорго Димовски (Македонија), Весна Ацевска (Македонија), Анжела Димчева (Бугарија), Александар Прокопиев (Македонија) , Владимир Мартиновски (Македонија) и Зоран Анчевски (Македонија)
Учесниците со големо задоволство подарија дел од своите книги на НУ Библиотека „Григор Прличев“ а дел од нив изразија желба за повторно гостување и претставување на сопственото творештво пред охридската публика.