4 април 2019
По повод 2 Април Светскиот ден на литературата за деца, втора година по ред студентите од Факултетот за странски јазици при ФОН и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид заедно ја спроведуваат акцијата „Подари – размени книга“.
Веќе трет ден книги разменуваат ученици од петтите одделенија од сите основни училишта од општина Охрид.
Идејата е преку размена на книгата читателите да дојдат до нови интересни четива и сознанија и како што често се вели – да им се отворат нови светови.
Вработените и студентите на факултет за странски јазици на ФОН универзитетот деновиве беа вклучени во акцијата за собирање книги кои се разменуваат а подоцна во соработка со охридската библиотека ќе бидат донирани.
И децата и нивните наставници со задоволство ја прифатија акцијата и бараат да се одржува повеќе пати во текот на учебната година.
Убаво е кога ќе се види како учениците трагаат по своето омилено четиво и автор и зборуваат за книгите, велат од библиотеката.
„Прличевата одаја “ во НУ библиотека до утре – петок ќе биде отворена од 10 до 15 часот за размена на книги.
Последниот ден од акцијата во неа ќе можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани да донираат и да си земат книга по избор. Акцент и утре ќе е ставен на литературата за деца.