×

Преведи ја страницата

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ се потсетија на животот на патронот

25 март, 2019 

Денес  се одбележа 159 годишнината од денот кога Григор Прличев го доби Ловоровиот венец. Во негова чест во ОУ „Григор Прличев“ , а во соработка со НУ Библиотека „ Григор Прличев“ учениците имаа извонредна можност не само да го одбележат овој значаен датум туку и да го проследат видео проектот „Од животот на Прличев“ од авторот м-р Милчо Јованоски.

milco

М-р Јованоски ненаметливо ги воведе учениците во содржините од животот на Прличев, овој видео проект ги допре клучните моменти од неговото егзистирање и најважното: закитувањето со венецот, симболот на победата, највозвишената чест во тогашните поетски кругови.

film

Стиховите во „Сердарот“ се како свежа вода, со секое читање на поемата во душата на читателот повторно и повторно како феникс оживува љубовта кон пишаниот збор. Безвременските зборови само ја потврдуваат моќта на перото и го утврдуваат овој генијален книжевник.

film 1

Патронот на нашето училиште, според македонската енциклопедија е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка… Но и вечна инспирација за учениците кои со гордост кажуваат каде учат, велат во дописот до медиумите од ОУ „Григор Прличев“ – Охрид.