7 март 2019
Во организација на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денеска – четврток во пресрет на Меѓународниот ден на жената се одржи поетското читање под наслов: „ Убав и нежен стих – ист како жените“
Жените – поети: Марија Младеноска, Иванка Балева и Горка Донеска членки на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и на програмата „Грижа за стари лица“ при Црвен крст – Охрид читаа свои творби.
Со извадок од својата поема посветена на мајката и стихови од охридската поетеса Кристина Рудеска настапи поетот Љупчо Милковски.
Свој настап во рамките на проектот „Вие нам музика, ние вам книга“ на нашата библиотека и ОМУ „Методи Патче“ настапи младата и надежна виолинистка Лина Николеска.
М-р Милчо Јованоски од нашата библиотека кој беше модератор на настанот од богатата ризница на македонската поезија презентираше љубовни стихови во кои е опеана убавината и нежноста на жената.
Директорката на библиотеката Гордана Змејковска на учесниците во чест на 8 март им подари по една книга од авторката Вера Самарјанин.
Присутните ја погледаа и изложбата на дела од роднокрајните автори родени во март: Јане Велјаноски, Левко Андоновски, Мито Спасески, Благородна Буџак, Славе Ѓорѓо Димоски, Маринела Јовановиќ и Тоде Илевски.
Колегата Илиевски денес го прослави 67 роденден и овој ден му беше последниот работен ден во билиотеката.