Конески: „Јазикот е нашата татковина“ – 77 години од усвојувањето на македонската азбука

Конески: „Јазикот е нашата татковина“ – 77 години од усвојувањето на македонската азбука

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 05 May 2022

5 мај, 2022 г. 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на свечен начин и со пригодна програма денеска го одбележа 5 Мај–Денот на македонскиот јазик.

На 5 мај 1945 година со решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик.

По два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот Правопис на македонскиот јазик. Владата на Република Северна Македонија во 2019 година донесе одлука 5 мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик.

     

Членовите  на Културолошката иницијатива „ 5 до 12 “ од Охрид: Јован Цветковски, Анастасија Стојановска и Мила Коруновска  читаа сопствена поезија и песни од познати македонски автори.

Пејачката група и оркестарот при  КУД „ Ѓердан од бисери“ од Охрид под уметничко раководство на Татјана Узуноска – Тренеска изведоа перформанс во живо во стилот на „Бушава азбука“.

Во аудио форма присутните го слушнаа  сеќавањето на проф. д-р Људмил Спасов за втемелувачот на нашиот македонски јазик, големиот Блаже Конески.

На настанот по покана од Библиотеката присуствуваа наставници по македонски јазик од основните и средните училишта во Охрид и роднокрајни писатели.

Милчо Јованоски, директорот на Библиотеката  рече: -Чест ми е да ги поздравма сите мои колеги кои нашиот убав македонски јазик го предаваат и пренсуваат од генерација на генерација. Вие ја имате благородната улога за зачувување на македонскиот јазик.

Чистотата на јазикот е наша највисока задача, а неговото негување сѐ уште е еден од белезите на наставниците по мајчин македонски јазик. Со голема радост, но и огромен долг, денеска чествуваме и се навраќаме кон еден од најсветлите денови во нашата македонска историја, рече Јованоски.

НУ Библиотека