Роднокрајни автори родени во мај

Роднокрајни автори родени во мај

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 04 May 2022

4 мај, 2022 г. 

На влезот од одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од вчера е поставена мини изложба на дела од роднокрајни автори родени во мај.

Читателите ќе можат одблиску да се запознаат со творештвото на поетите и писателите: Коста Абраш, Коста Фортомар, Христо Силјанов, Кирица Јорданоска, Смиле Наумоски – Брсјак, Спасе Кароски, Благуна Стевоска, Смилјана Максимоска,  Есад Бајрам, Димитар Пандев, Димитар Спасески, Мариче Боздоганова и Ѓорѓи Алчев.

Традиционално изложбата ќе е отворена до крајот на месецот.

НУ Библиотека