НУ Библиотека „Григор Прличев“ од денеска стана библиотека од отворен тип – читателите воодушевени

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од денеска стана библиотека од отворен тип – читателите воодушевени

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 20 Apr 2022

20 април, 2022г. 

Од денеска нашата Национална установа Библиотека „Григор Прличев“ премина во Библиотека од отворен тип.

Првите читатели кои влегоа во просторот беа воодушевени од амбиентот и начинот на кој е уредена библиотеката.  Тие можеа слободно да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.

– Чест и посебно задоволство ни беше што на првиот ден од отворањето на библиотеката во посета ни беа Оливера Ливриниќ – Раководител на Секторот за заштита  на културното наследство при Министерството за култура во чии рамки е и Одделението за библиотечна дејност, надлежно и за нашата установа, како   и Татјана Краљевска – Лазарова, Генерален секретар на Националната комисија за УНЕСКО, вели  директорот Милчо Јованоски.

Тој ги  запозна гостинките со работата на библиотеката, новиот простор и програмските определби за наредниот период.  При што рече дека  постепено ќе има и други преземања за Библиотеката  да стане попривлечно катче во Охрид за сите.

Потсетуваме дека читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот.  Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.

Работното време на Библиотеката со читатели останува исто од понеделник до петок од 8.30 до 18.30 часот,

На 26 април, вторник во 12 часот,  во чест на Светскиот ден на книгата на посебен настан во библиотеката ќе бидат прогласени најредовните читателите за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател , како најчитаните домашни и странски автори и книги.

На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во изминатиот период ќе им се оддолжи со благодарници кои ќе им бидат врачени во рамките на настанот.

НУ Библиотека