Не е прво априлска шега, бесплатно преземете ја книгата „Охридско Езеро бисер небесен“ од академик Миќуновиќ

Не е прво априлска шега, бесплатно преземете ја книгата „Охридско Езеро бисер небесен“ од академик Миќуновиќ

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 31 Mar 2022

1 април, 2022 г.

Книгата „Охридско Езеро бисер небесен“  од европскиот Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ е напишана на 224 страници, со современ дизајн, колор, со 394 фотографии. Во неа е опишано 31 место од каде е фотографирано езерото. Целата обиколка на езерото заедно и со територијата во Албанија е во растојание од 101,6 km  со автомобил.

– Во книгата во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ се поместени преубави – фотографии, погледи на Охридското Езеро со објаснување на местата од каде што е фотографирано, по редослед, од градот Охрид, кон Пештани, Трпејца па врвот на планината Галичица, патот кон Св. Наум, во Албанија,  Тушемиште, Поградец, Мемелиште, Удениште, Пискупат, Лин, Калишта, Радожда, Струга и повторно во Охрид со залезот на сонцето. Ова е моја 116 книга и прва во електронска изведба и затоа на читателите бесплатно им ја подарувам со можност да си ја преземат во својот мобилен телефон или својот компјутер преку следниов линк кој треба да го копирате и да го поставите на вашиот пребарувач:

https://drive.google.com/file/d/1PvwZShtSx3R25PxuiKnCkyuSJvQDhol3/view

Линкот за бесплатно преземање на книгата ќе активен од денеска 1 до 10 април. Поттик за туристите однадвор но и за нас да направиме тура околу Езерото, вели академик д-р Миќуновиќ.

НУ Библиотека