Проф. д-р Анис Сефиданис во посета на нашата Библиотека

Проф. д-р Анис Сефиданис во посета на нашата Библиотека

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 11 Mar 2022

11 март, 2022 г. 

Во секојдневните напори за збогатување на книжниот фонд и посебно на одделот за стручна литература деновиве во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше проф. д-р Анис Сефиданис од  Факултетот за применети информатички науки, машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Проф. д-р Сефиданис за Библиотеката подари триесет примероци од неговите трудови: „Препознавање облици“ во која покрај него автори се и м-р Зорица Каевиќ и м-р Билјана Раичевиќ Велковска, „Медицинско – стоматолошка информатика“ во која  како автори се вклучени и д-р Весна Јурковска Шотаровска и м-р Борко Христов и книгата „Дигитална форензика“  во која покрај Сефиданис автори се и д-р Ристо Христов и м-р Зорица Каевиќ.

Д-р Сефиданис со директорот на Библиотеката м- р Милчо Јованоски разговараше за идната можна соработка со Универзитетот со примена на нови технологии во библиотекарството, за што наскоро ќе биде потпишан нов меморандум за соработка меѓу Универзитетот и Библиотеката.

Сефиданис е автор и на  книгата „Препознавање на облици со помош на вештачка интелигенција” и основач на приватен центар за истражување од областа на роботиката. Роден во Охрид на 6-ти февруари 1983 година, средното образование го завршил во Охрид а студиите ги завршил во Италија на Природно – математичкиот факултет во Удине.

НУ Библиотека