Наши колешки дел од Зборникот од Стручниот собир „Библиотеките и културниот трузам“ во Краљево

Наши колешки дел од Зборникот од Стручниот собир „Библиотеките и културниот трузам“ во Краљево

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 04 Mar 2022

4 март, 2022 г. 

По четврти пат во организација на Библиотеката „Стефан Првовенчанин“ од Краљево од 6 до 8 октомври, минатата година се одржа стручниот собир под наслов: „Библиотеките и културниот туризам“.

На настанот учествуваа околу 40 излагачи од Србија, Црна Гора, Полска и Русија. Доаѓањето на библиотекарите од Република Српска и Република Северна Македонија беше попречено поради анти – Ковид мерките и  тие виртуелно се вклучија во настаните.

Но, во објавениот Зброник на стручни и начни трудови во издание на библиотеките  од Краљево и Врњачка Бања застапени се и трудовите на м-р Мариче Боздоганова, советник – библиотекар и од Елена Станкоска, библиотекар во НУ Библиотека во Охрид.

-Во својот развој, библиотеката и библиотекарството играат голема улога во напредокот на туризмот во локалната заедница, особено кога станува збор за градот Охрид. Улогата што ја има библиотеката е основата на нејзините активности и услугите што ги нуди на своите корисници. Развојот на информациската писменост, автоматската обработка на книжниот фонд, дигиталните бази на податоци ги доближуваат бараните информации до корисниците на нашите услуги, вели м-р Боздоганова во трудот и додава:

-Важна улога на библиотеката во развојот на културниот туризам е да има добра стратегија со јасно дефинирани мерки и насоки во кои ќе се вклучи локалното население заедно со тимот од библиотеката за што поголема популаризација. Особено е важно во туристичката сезона да се подготви културен календар на настани во кој ќе бидат објавени сите библиотечни активности: изложби, популаризација на збирки, книги, автори, промоции, јавни активности, привлекување туристи и презентирање на културните вредности на градот и пошироко. Промоцијата на книгата надвор од библиотеката дава добар резултат во доближувањето на пишаниот збор до јавноста. Постои врска меѓу библиотеката и културниот туризам – во лето на плажа со книга во рака, заклучува Боздоганова.

Градот Охрид бил, е и останува да биде лулка на културата, образованието, почеток на писменоста.Старото име на Охрид е Лихнид што значи “град на светлината”, град во кој има 365 цркви, град познат како Балкански и Европски Ерусалим, градот на Свети Климент и Свети Наум- големите исцелители и чудотворци до ден денес, градот кој посебно делувал и во кој бил епископ Свети владика Николај Велимировиќ  – Охридски и Жички, каде исто така го напишал прекрасното и вечно дело “Охридски пролог” во 1928 година, едно од неговите најзначајни дела во кое се опишани многубројните чуда и настани на светителите, нивното житие, библиски настани за секој ден во годината, како и настани од животот на Пресвета Богородица и  Господ Исус Христос, вели библиотекарката Елена Станкоска.

Градот Охрид посебно во летниот период е многу посетен од страна на туристи од целиот свет. Охрид е идеално место за развој на културниот туризам кој вклучува посета на цркви, музеи, театри, тврдини, наоѓалишта, спомен-куќи и разни Фестивали како познатиот “Охридско лето” каде свој настап имаат многу познати светски имиња од областа на широкиот дијапазон на културата, “Балкански фестивал” на народни песни и игри, спортско-рекреативниот настан “Охрид трчат” каде учество земаат спортисти од Македонија и Балканот, Охридски пливачки маратон во кој учествуваат многу светки познати машки и женски пливачи.

Охрид и Охридскиот регион е под заштита на УНЕСКО.

Во културниот туризам секако дека спаѓа и посетата на библиотеките.

Библиотеката “Григор Прличев” во Охрид името го носи по истакнатиот македонски писател од XIX век, кој во 1860 година со поемата “Сердарот” ја освоил наградата за најдобра поема на традиционалниот конкурс кој секоја година се одржувал во Атина. Библиотеката располага со голем број на книжен фонд, книги, списанија, весници, ретки книги, вели Станкоска.

Со клик на линкот ќе имате пристап до е- зборникот и двата трудови под наслов:

Улогата на библиотеката во развојот на културниот туризам и  Библиотеката како елемент на културниот туризам во Охрид.

https://kv-biblio.org.rs/wp-content/uploads/2022/02/zbornik2021.pdf

НУ Библиотека Охрид