Нова книга: „Иселувањето на Турците од Македонија во Турција, по Втората светска војна

Нова книга: „Иселувањето на Турците од Македонија во Турција, по Втората светска војна

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 27 Dec 2021

27 декември, 2021 г.

Авторот Салим Кадри Керими неодамна во Нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид донираше примерок од неговата книга „Иселувањето на Турците од Македонија во Турција, по Втората светска војна“.

Салим Кадри Керими е историчар – кариерен дипломат во пензија – истражувач. Тој е роден 1950 година во село Горна Бела Црква, Ресен. Основно образование стекнал во родниот крај а гимназија учел во Струга и Дебар, додека Филозофски факултет завршил во Скопје.Работел како професор по историја а цели три ипол децении од кариерата ги поминал во Републичкиот секретаријат за меѓународни односи, односно Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Во периодот 1993 до 2011 година во три наврати работно бил ангажиран во нашите дипломатско конзуларни претставништва во Тирана, Анкара и Копенхаген. Во својство на министер советник, подолг период ја вршел и должноста шеф на ДКП –та на Република Македонија во Анкара и Копенхаген.

Централна тема на овој негов труд претставува иселувањето на Турците, додека попатно се третирани и одделни аспекти на иселувањето на другото муслиманско население ( Албанците, Торбешите и Бошњаците ) од Македонија во Република Турција во периодот по Втората светска војна, односно меѓу 1950 – 1967 година. Во книгата исто така се изнесени одделни аспекти на иселувањето , главно на турското население  и во периодот од 1967 до 1993 година.

Салим Кадри Керими на неговите веб портали ( salimsblog.wordpress.com и Salim  Kerimi – Linkedin)  последните неколку години  на турски, македонски, албански, англиски и српски јазик има објавено повеќе од 90 главно полемички прилози на теми од историјата, демографијата и дипломатијата.

НУ Библиотека