„Песни“од Љиљана Крлеска

„Песни“од Љиљана Крлеска

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 20 Dec 2021

20 декември, 2021 г.  Деновиве излезе од печат стихозбирката „Песни“ од Љиљана Крлеска, професорка по македонски јазик и литература во пензија. 

Стихозбирката содржи 53 авторски песни поделени во три дела и се своевидна реминисценција на животот на авторката Крлеска. Преку своите стихови Љиљана умешно и пластично го опишува својот живот и секојдневие пријателствата и очекувањата и надежите. Некои од песните се посветени на нејзините пријателки и пријатели – сограѓани кои оставиле траен белег во меѓусебните дружби. Издавач е Ирис од Струга а уредник Маја Танкоска.

Љиљана Крлеска, родена е  на 8 јули, 1939 год. во Белград, од мајка Катерина и татко Андреја Кузмановиќ (Кузманоски). Живеела во Белград и Охрид. Гимназија за-врши во Охрид. Филолошки факултет на УКИМ – насока Југословенска книжевност, заврши во Скопје. Била професор во ОУ. „Живко Чинго“ с.Велгошти. Во О.У. „Наум Ох-ридски“,  с. Пештани; во  О.У. „Браќа Миладиновци“, Струга;  и во ЕМУЦ „Тито“ – подоцна „Наум Охридски“ во Ох-рид, од каде и се пензионира.

Проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ како рецензент напиша: – Бев член на Литературната дружина во Битола која гостуваше во повеќе градови во Македонија. Нашето присуство во Охрид одбележа значајни средби, кои траат до де-нес. Имено, мојот професор Кочо Попов тој ден ме поведе со себе кај својата сестра Катерина  во Охрид, каде што имав можност да запознам едно прекрасно семејство и во кое ја сретнав мојата другарка, ќерка на Катерина и Андреј Куз-мановиќ родители на мојата Лиле. Бевме ученички во иста генерација, но контактите во нејзиниот дом ги определија нашите натамошни средби, контакти, иако таа продолжи во Охрид, а јас во Битола. Летните одмори посебно не спојуваа и двете ги уживавме убавините на „уметничкиот Охрид“, во кој град бев вљубена уште од раното детство. Нашата заем-на поврзаност се засили во студентските денови, кога и две-те се најдовме во иста клупа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. И понатаму, со брачни обврски нашето комуницирање продолжи.

Ова сево би било непотребно да се пишува во една рецензија, но морам да признам последниот телефонски повик од мојата другарка, пријателка, колешка Лиле, пријатно ме изненади. Таа ми соопшти дека во овие наши понапред-нати години одлучила да ги објави своите песни, кои подолго време мирувале. Веднаш го прифатив предлогот. Никој подобро не би ги препознал нејзините стихови, изродени и почувствувани во исти заеднички временски периоди. Лиле ме изненади, зашто можеше одамна да ги обелодени своите творби. Но, никогаш не е доцна, да се публикува длабокото чувство поврзано со љубовта кон поезијата.

Љубовта и носталгијата кон родниот крај е присутна кај сите нас, а за Љиљана тоа е градот Белград. Не случајно тоа е нејзината прва песна.

Далеку од мене

            но блиску во мене

            роден крају

            тагувам по тебе.

 

Втората песна ги разбудува во мене истите опишани денови минати со Љиљана во Охрид.

Варош, Митрополија.

            Света Софија, Сараиште,

            се местата во кои

            го поминав детството.

 

            Меѓу врбите

            под рибарските мрежи

            на Сараиште, на брегот

            собирав полжавчиња и школки…

 

Посебен порив донесува песната „Серенада“, со која Љиљана длаби во богатството на народниот фолклор, зашто Илина мома ги привлекуваше охридските момци, кои се натпреваруваа кој поубава серенада ќе ѝ испее.

Секој читател со задоволство ги проследува песните во стиохозбирката, привлечени од поетската вистина што ја открива поетесата, иако се пројавува по долги изминати го-дини. Настаните се извлекуваат од реалната поставеност, кога професорката Љиљана секојдневно со велосипедот ми-нува од Охрид до Пештани. Така се појавува во тие млади години и Амор со своите стрели, кои не ја одминуваат и Љиљана.

Поетесата била секогаш наклонета кон размисли за животот. Во песната „Воз“ истакнува искрено:

Секогаш живеев самата со себе,

            но имав сила, мостови да рушам.

            И самата бев мост…

 

Љубовта кон ќерките, а потоа кон внуките, е една од нејзините централни теми во поезијата. На ќерката Даниела ѝ ја посветува песната „Очи“, а на другата ќерка „Наташа“. Со раѓањето на внуката Маја се раѓа и песната „Среќа“. Посебен однос Љиљана гаи кон внуките Тамара, Лариса, Леон во испеаната поезија „Белег на едно време“. Поетесата има бројни контакти со пријателки, за кои пее одбрани стихови, со истакнување на нивните добродетели и особености.

Во „Времеплов“ пее за за братучедата Маргарита Јо-вева, како богиња ја симболизира комшивката Филимена Дечева, а големо пријателство доживува со својата колешка Гордана Речкоска. На сличен начин Љиљана пее за пријателките Тања Смаќоска и Стојка Маслова.

Поголемиот број песни ја сликаат духовната состојба на поетесата во различни периоди од животот. Љубовниот занес е непремостив во случајов на нејзиниот интензивен  однос кон животот како поет, како што ни открива песната „Звезди“ една пријатна ноќ мината со љубениот над стог се-но, разбирливо во љубовен занес. Но затоа не ја одминува длабоката сопствена болка по загубата на саканиот сопруг, подвлечено во песната „Јаже“.

 

Тој беше јаже,

            за кое се држев,

            јас бев на ридот,

            а тој под ридот.

            Јажето се скина,

            тој пропадна во бездна,

            а јас останав на ридот

            да викам, да ридам…

 

Се редат песните со разновидни духовни состојби, таговни, безнадежни, секојдневни (Ноќна мора, Југо-носталгија, Солзи, Тага, Свет, Огледало, Илузија, Неспокој, Сон, Страв, Судбина, Болест итн.) Не ги заборава судбоносните тешки денови исполнети со мора по загубата на својот брат Кузман во песните „Лузна“ и „Скршено срце“. Поетесата не ги преминува мотивите за нејзиниот однос кон праз-ниците кои во Охрид се негуваат и воспеваат. Во овој правец интересни се стиховите полни со христијански вознес, како што предничи во случајов песната „Божји храм“, при посетата на авторката на „Свети Врачи“ во Охрид. Пее за Бадник и други верски празници, празнувани во бројните охридски цркви и семејства.

Како буден современик поетесата пее за љубовта кон својот дедо Ѓорѓи, познат Илинденец. Не преминува и преку актуелните состојби за времетраењето на светската панде-мија, одразени во песните „Корона“ и „Светлинa“.

Со своето долгогодишно искуство како професор по македонски јазик во Охрид и Охридско, како сопруга, мајка, баба на оформена фамилија, со отворен поглед кон сите збиднувања во нашата земја, Љиљана Крлеска во својот текст од песни опева доживеани состојби во себе, во члено-вите на семејството, во околината и пријателите, обогатувајќи го нашето книжено–поетско наследство со нови мозаични слики од животот минат во Охрид и Скопје.  Разбирливо секој ќе најде интерес за прочит на ова ново творештво, за што Крлеска истакнува: „Тоа што не можев да кажам, кажува песната“. Сметам дека ракописов треба да биде обелоденет преку печатена форма, вели во ренцензијата за стихозбирката проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ.

НУ Библиотека