МТВ за нас: Охридската библиотека ќе премине кон отворен тип на работа

МТВ за нас: Охридската библиотека ќе премине кон отворен тип на работа

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 16 Dec 2021

16 декември, 2021 г.

Во изминатите неколку месеци вработените во Националната установа- Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид вложија многу труд за да го уредат адаптираниот простор кој им беше отстапен со цел библиотеката да добие оптимални услови за работа. На тој начин се создадоа услови библиотеката да профункционира како установа од отворен тип. Наскоро ќе профункционира и Италијанско катче кое е зачеток на нов проект со кој е предвидено Прличевата одаја да биде огледало на светската литература…

Една стара кинеска поговорка вели дека доколку три дена не прочиташ книга твоите зборови ќе ја изгубат убавината. Почитуваќи ја оваа мисла вработените во Охридската библиотека со цел да ја зголемат читателската публика во рекордно време во адаптираниот простор кој им беше отстапен од некогашната дирекција на Фестивалот „Охридско лето“ поместија околу 150.000 библиотечни единици со цел охриѓани и сите оние што ќе го посетат Охрид да уживаат во читањето.

Новиот простор ни дава шанса оваа библиотека во иднина да биде, откако ќе помине се надевам за брзо короната, да биде простор каде што ќе може самостојно да се одбира литературата. Значи од затворен преминуваме во еден отворен тип на работа на библиотеката. Луѓето ќе можат да прошетаат помеѓу книгите, да одберат она што сакаат“, изјави Милчо Јованоски- НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

Во библиотеката наскоро ќе профункционира италијанско катче во кое ќе бидат поместени италијанска литература и списанија. Се работи за процес кој што допрва ќе се надоградува во соработка со италијанската и други амбасади во земјава при што ќе се отворат и други литературни катчиња со што Прличевата одаја ќе биде Центар на светската литература.

Ние ги следиме тие светски трендови, особено од туристичките места и библиотеките кои што работат во светот, а имаат некоја слична природна позиција како Охрид. И се надеваме дека наскоро можеби во текот на следната сезона да отвориме деташирани библиотеки надвор од нашата библиотека, можеби на плоштадот или пред самата библиотека каде што луѓето ќе можат да си зајмуваат книги“, додава Јованоски.

Вработените во библиотеката се среќни поради тоа што во последните години се зголемува читачката публика бидеќи покрај читањето од потреба се зголемува и бројот на луѓето кои што читаат од задоволство.

 

Сашо Нелоски МТВ