Оваа среда ви претставуваме пет наслови во издание на „Матица македонска“

Оваа среда ви претставуваме пет наслови во издание на „Матица македонска“

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 17 Nov 2021

17 ноември, 2021 г. 

Од денеска на пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ве очекуваат уште пет нови наслови издание на „Матица македонска“ од Скопје.

Се работи за книги кои веруваме ќе побудат интерес кај читателската јавност.

 

„Госпоѓица Коко и мирисот на љубовта „ од Мишел Марли, „Не сум виновна“ од Јелена Бачиќ – Алимпиќ, „Загубената сестра“ од Лусинда Рајли, „Призрак во ноќта“ од Тес Теритсен и „Од името на семејството“ од Сара Дунант.

И покрај постојаните набавки и збогатувањето на фондот со нови наслови НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се соочува со проблемот позајмени а не вратени книги.

Од таа причина Библиотеката во јуни одлучи да ги повика сите корисници кои зајмиле книги до 2020  а не успеале да ги вратат, да го сторат тоа најдоцна до 31 декември, годинава.

Целта е  книгите повторно да го продолжат својот живот меѓу читателите.

Потсетуваме дека годишната  членарина за деца – ученици е 200  а за возрасни 300 денари.

Библиотеката за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

НУ Библиотека