УКИМ и Рускиот центар при УКИМ со неколку настани по повод 200 години од раѓањето на Достоевски

УКИМ и Рускиот центар при УКИМ со неколку настани по повод 200 години од раѓањето на Достоевски

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 11 Nov 2021
11 ноември, 2021 г. 
Во периодот од 11 до 16 ноември Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и Рускиот центар при УКИМ организираат ред настани по повод 200 години од раѓањето на еден од најпознатите руски писатели од 19-иот век – Фјодор Михајлович Достоевски.

Одбележувањето на јубилејот започнува на 11 ноември со промоција на збирката студентски преводи „Проект Достоевски: 200 години“. Овој зборник е резултат на еден од најновите проекти на Катедрата за славистика и вклучува преводи на помалку познати текстови на писателот направени од студентите на катедрата со помош на наставниот кадар. Зборникот е бесплатно достапен на линкот: https://bit.ly/3BTzIFG.

Истиот ден, по промоцијата на зборникот, ќе се одржи проекција на видеото „Ракописот на Достоевски“ на Московското калиграфско училиште и ќе биде прикажана видеоекскузија „Москва на Достоевски“. Двете видеа се на руски јазик, а се преведени на македонски исто така од страна на студентите на Катедрата за славистика.

На 12 ноември Рускиот центар при УКИМ организира тркалезна маса на тема „Достоевски и современоста низ призмата на индивидуалниот и општествен морал“. За моралните дилеми во делата на писателот и како тие се рефлектираат на современата стварност ќе зборуваат: проф. д-р Мишел Павловски и проф. д-р Лорета Георгиевска од Институтот за македонска литература, проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ од Богословскиот факултет и Кирил Минанов, писател и активист.

Кругот на активностите посветени на јубилејот на Достоевски на 16 ноември ќе го затвори предавањето „Ф.М. Достоевски: рецепција на творештвото и пророчки идеи“. Предавањето кое ќе биде на руски јазик ќе го одржи д-р Људмила Хворова, професор на факулетот за филологија и новинарство на Тамбовскиот државен универзитет „Г.Р. Державин“ во Русија. Ваквите гостувања на професори од водечките руски универзитети редовно се спроведуваат од страна на Катедрата за славистика во рамките на нејзината активна меѓународна соработка.

Сите настани се од отворен тип и ќе бидат организирани на платформата Zoom на следниов линк:

https://us02web.zoom.us/j/8334083242…

Personal Meeting ID: 8334083242

Passcode: 0ZDKCC

Извор: https://mk.rbth.com/arts/88328-dostoevski-200-godini-makedonija

НУ Библиотека