Нови осум наслови ги чекаат читaтелите

Нови осум наслови ги чекаат читaтелите

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 09 Sep 2021

9 септември, 2021 г. 

Оваа недела НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  промовира уште осум нови наслови од областа на белетристиката кои уште од денеска можат да се позајмат на пултот за издавање.

Се работи за следните книги: „Некој близок“ од Кара Хантер, „Проблемот со бившите“ од Лорен Лејн,

„Длабоко во темнината“ од Ен Лорет Вајт, „Се случи една есен“ од Лиса Клејпас и „Шепкачот“ од Алекс Норт сите во издание на Сакам книги.

Во новата понуда се и две изданија на Матица македонска, „ И боговите имаат Интернет“ од С.В. Мучкајева и „Златниот час“ од Јона Греј.

По неодамнешната промоција во организација на Библиотеката првите читатели ги чека и мошне возбудливиот современ македонски роман „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова. Издавач е Академски печат.

Годишната членарина во Библиотеката за деца е 200 а за возрасни 300 денари.

Работното време на пултот за издавање од понеделник до петок е од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

Публицитет.мк